Рокерите се обединија!
После Евровизија 2006, ги читам коментарите за победничката песна на финската група Mr. Lordi.
Сите се запрепастени од фактот што победи таква група, „тотални аутсајдери“, „без вкус“. Аналитичарите се обидуваат да ја најдат причината зошто победија токму овие „моснтруми“. Слушнав коментари дека, демек, Европа се засити од поп и балади, па се реши да протестира. Некои рекоа дека Европа само ни’ дава порака дека Евровизија не може веќе вака. Трети рекоа дека Европа гласаше за пародија.
Меѓутоа, причината за победата на финската Mr. Lordi е сосема едноставна:
Европа не гласаше за Финска, ниту даде некоја порака, ниту, пак, протестираше против досегашните песни. Едноставно, сите рокери и металци се обединија и гласаа за таа песна.
Таков јак мотив само рокерите може да имаат. Рокерите не познаваат граници, нации, политика.
Скоро сите земји гласаа за своите соседи. Тоа не е политика, туку, едноставно, слухот на народот реагира на песните од соседството. Хари Мата Хари има симболика за нас, но замислете дали има такво значење за некој од Исланд, Португалија или Андора. Ние дадодвме 12 поени за „штиклата“ на Северина, но дали неа исто ја чувствуваат и другите?
Додека другите гласаа како што гласаа, само рокерите гласаа за една универзална песна, со универзална симболика. Финска само беше случајна победничка. Таква песна да понудеше било која земја, повторно ќе победеше.
Дали ова значи дека наместо турбо-фолк, конечно треба да се фатима за рокот? :)
