July 28, 2006

Македонија е земја на несреќни граѓани

Истражувањата велат дека Македонија не е многу среќно место за живеење. Ништо ново, ќе речете. Секој тоа го знае, но, ете, повторно науката директно ни’ кажува дека нешто не чини со државава.

Пред 15 години, кога еден Американец ме праша дали сме среќни во Македонија, јас не знаев што да му одговорам. Кај нас такви прашања воопшто не се поставуваат. По дифолт се знае дека не сме среќни.

Значи, на списокот на The Happiness Show, Македонија го завзема 67. место.

Од земјите кои не’ интересираат, сликата е ваква:

[...]
42. Хрватска
43. Грција
50. Турција
51. Босна
61. Србија
64. Црна Гора
67. Македонија
70. Албанија
71. Бугарија

[...]

Значи, после нас се само Албанија и Бугарија, но и тие за кратко време ќе не претекнат. Бугарија ќе влезе во ЕУ и за кратко време ќе се среди. А Албанија? Погледнете што се случува со нивниот туризам. Нас нема да не спасат и милион реклами на CNN и Yahoo.com.

Posted by admin at 11:31:49 | Permanent Link | Comments (0) |

July 27, 2006

Нелегални ДВД филмови од С.В.-РСА

Секаде се рекламира дека треба да купуваме оригинални производи. Секако, луѓето што вложиле труд, треба да бидат наградувани. Башка што, тоа е нивен производ, нивен интелектуален труд.

Во Македонија С.В.-РСА е фирма која рекламира и продава легални ДВД наслови. Во Скопје нивните дискови може да се најдат во сите поголеми продажни места (Рамстор, Тинекс...). Филмовите се со титлуван македонски превод, оти така бара законот. И што е уште поважно, ДВД-ата се релативно евтини (100-300 денари).

Арно ама, оваа фирма, покрај своите наслови, во истите продажни места продава, наводно оригинални, ДВД-ја и од српската Pro Vision. Нема ништо лошо во тоа, ќе си речете, но кога ќе седнете да ги гледате филмовите на оваа фирма, ќе видите дека тие немаат македонски титл. Значи, законот не се почитува.

Од друга страна, позади ДВД-ата стои вакво нешто (од ДВД купен во Рамстор):

Читајте убаво: Лиценцата важи за Србија и Црна Гора!!!

Е такви „оригинални“ дискови ни’ се продаваат пред нос и тоа рекламирајќи ги како „оригинални“.

И во Европа се пиратисува, но не вака јавно, насекаде и преку ТВ. А ако таму те фатат, следат тешки (понекогаш и затворски) казни.

Кај нас и да ги фатат (еве, овој пост е апла пријава!), само ќе им ги конфискуваат дисковите.

Posted by admin at 12:58:47 | Permanent Link | Comments (0) |

July 20, 2006

Да се казнат газдите кои вработуваат на црно

Комесарот за правда на ЕУ, Франко Фратини, денес изјави дека ЕУ работи на нова директива која би стапила на сила наредната година, според која, сите газди кои вработуваат на црно во иднина би се соочиле со затворски казни.

Тој нагласи дека луѓето кои работат на црно се жртви и дека за тоа треба да се казнат самите вработувачи, бидејќи на тој начин создаваат услови за илегални емигранти.

Ако се донесе оваа директива (закон), мислам дека тогаш работодавачите нема да сакаат да вработат илегалци, на црно. На тој начин, ќе се намали приливот на потенцијалните илегалци во земјите на ЕУ.

А кога ќе се намалат илегалците, веројатно визниот режим ќе се олесни за граѓаните на Македонија, бидејќи сега на секој кандидат кој аплицира за шенген-виза се гледа со недоверба, односно секој апликант се третира како потенцијален иселеник.

Posted by admin at 13:46:55 | Permanent Link | Comments (2) |
1 2