Кандидатски статус за Македонија
Македонија се здоби со статус земја кандидат за Европска унија! Нека ни’ е со среќа!
Ова, по автоматизам, секако дека не значи дека уште утре ќе имаме подобар живот. Не треба зачленувањето во ЕУ да се сфати како нешто од кое само ќе имаме бенефит. Секое право, со себе носи и обврски. Треба да ни’ биде многу јасно дека со стекнувањето на овој статус, и нашите обрски стануваат поголеми.
Ова, пред се’, значи дека треба да почнеме да се однесуваме културно, цивилизирано, умерено, промислено. За жал, а најмногу за среќа, ќе треба да се откажеме од арогантноста, себебендисувањето, негирањето на другите, измислувањето на не_знам_каква историја.
Светот не започнува, ниту завршува со нас. Треба директно да и’ погледнеме во очи на реалноста.
Најпрвин треба да си ги согледаме слабостите. Ако се знае дијагнозата, лекувањето е полесно. Треба смирено, без комплекси и фрустрации да седнеме и да видиме што е тоа што чини, а што не чини. Тоа што не чини да се отстрани или поправи. Секој треба да си сноси одговосност за своите постапки. Секоја одлука, носи одговорност. Ако сме одлучиле да се кандидираме за Европска унија, тогаш треба да се однесуваме одговорно, а не емотивно.
Треба да ни’ биде јасно дека со своите постапки Европа е само одговорна и конструктивна. Тобро, а не брзоплето, размислува. Стои позади секоја одлука. Тоа е сериозност и одговорност.
Требаше државата да ја транзитираме поради нас самите. Тоа не го направивме поради криминалните (читај: политички) структури. Не требаше нешто да промените поради Европа, туку поради нас самите. Тоа не се случи. Бидејќи не се случи, потребно е да си го одработиме сето она на што Европа ни’ укажа дека треба да се смени.
Под најитно треба да се смени целиот судски систем. Судскиот систем е основата на едно општество. Ако тој не функционира, тогаш ништо нема да функционира.
Зошто немаме странски вложувања? Како некој којшто ќе вложи во Македонија ќе си ги оствари своите права? Кој ќе го штити кога работниците ќе му забранат пристап на неговиот имот, ќе му ја блокираат работата? Без здрав судски систем тој нема да може да си го води бизнисот.
Регуларните избори, странски капитал, човекови права и многу други работи се директно зависни од здравиот судски систем. Ако тој систем го нема, ништо нема да функционира.
Правото на членство во Европската унија е остварена. Сега следи да се одработат обврските. Не поради Европа, туку поради нас самите.

излуфтирајте. (Comment this)
Второ, Зошто целата песна е на македонски јазик. Нели и албанскиот е официјален јазик во Македонија. Требаше да се надминеме себеси и една строфа од песната Бени да ја испееше на албански. (Comment this)
Само напред! (Comment this)
Blog-ot e demokratski nacin na izrazuvanje i ako e dadeno pravoto sekoj da komentira pod bilo koj psevdonim, toa ne znaci deka treba vo ime na nekoj drug. (Comment this)
Мил мој(а), за секој креативен производ, вклучително и за авторска музика, за која не е добиена дозвола од авторот за преработка и реизведување истата НЕСМЕЕ ЈАВНО ДА БИДЕ ПРЕРАБОТУВАНА И ИЗВЕДУВАНА ОД ДРУГИ АВТОРИ ПА МАКАР ТИЕ ПРИЗНАЛЕ ДЕКА ТОА ГО ПРАВАТ. Постои закон за авторски права. Прочитај го!!!
Со импровизации нема во Европа. (Comment this)