Блокада или тероризам?
Скопје денес е повторно под блокада!
Имав неодложна работа. Излегов цел саат порано. И не стигнав, секако. Поради блокадите. А мислев дека ќе имам време малку и да прошетам на воздух.
Се чудам до каде оди нашето разбирање на „правото“. Во овие транзициски години, кој знае колкупати видовме дека само нашето право е право, а на другите не. Никаде не е предвидено такво апсолутно право, како што е нашето „право“ за блокирање улици.
И во услови на војна, според меѓународните договори, треба да се гарантира правото на цивилите. Не, па, во нормални услови, како што е сега, денес.
Како и за секој закон што се донесуваше минативе транзициски години, и по овој предлог на Владата на РМ за донесување закон за уредување на оваа проблематика, се јавија многубројните новопечени новинари и „борци“ за човекови права. Ферманот веднаш беше донесен: овој закон е штетен за граѓанските права и слободи! Секој има право да блокира улици! Тоа е демократско право!
Сега одеднаш сите не се слагаме со продажбата на ЕСМ и тоа ни’ дава за „право“ да не го поддржиме новиот законот за јавни собири. Wow!!! Ептен здрава логика, нема што!
Јас не знам за некоја друга демократска и слободна земја во која секој има право на сешто, дури и по цена на загрозување на правата на другите.
Истото ни’ се случи и со пушењето. Сите беа против. Демек, имале „право“ на тоа. А каде се правата на другите што не пушат?
И блокирањето на улици, и пушењето имаат директно влијание врз правата на другите. И тоа негативно, ами како. Со овој начин на размислување, тешко да ја разбереме вистинската Европа.
Сето ова ме потсети на дискусиите кои траат деновиве во ЕУ: идентитетот на Европа. Зарем нашево размислување е компатибилно со европскиот идентитет?
Бегаме од „европското огледало“ како од ѓаволот. А толку ни’ треба да се погледнеме веќе еднаш. Тоста со егоизмот наш...

Cekam nov post..pa nema smisla (Comment this)
Neka mu sluzi na chest. Mozam samo edno na dazam. Trkaloto se vrti. Da ne ispadne toj da protestira za neshto vo zivotot, a drugite da go otfrlaat. Neka razmisli: na ovojk vek se e mozno. (Comment this)
Ако одиме во друга крајност, дали, според твојата логика, тоа значи дека тие што протестираат се богати, оти не работат по цели денови!?
А кој богат се бави со демократизација на општеството, житти се’? :) Влегуваат во политика за да се збогатат уште повеќе. Јас не сум во политиката и нема никогаш да бидам. Едноставно, тоа е мојот животен стил. А не можеш во државава да се збогатиш вон политиката.
И јас, како и секој друг, е незадоволен со работите во државата, но никогаш не ми ни текнало да им сметам на другите. Дали ти ќе прифатиш секој ден некој да протестира и ти да не можеш ништо да работиш? Не е само ЕСМ во прашање. Има безброј причини да протестирање.
Нека протестира кој сака, но не на моја сметка.
Зборував за права. Никаде нема неограничени права. Со други зборови кажано, во демократиите имаш право се’ дотогаш дури не им сметаш на другите. Тоа е веќе загрозување на јавниот ред и мир. Значи, ако мене ми сметаш при работата или движењето и тоа го правиш дури и во мое име, е тогаш тоа не е демократија, туку диктатура на една група на луѓе.
Впрочем, од каде знаеш дека и јас не сум за продажба на ЕСМ? (Comment this)