Повторно ќе ни’ отидат по ѓаволите уште 4 години!!!
Како што и претпоставував, Никола Груевски не се договараше со ДУИ, туку само глумеше, оти така препорачаа релевантните фактори. Сега, наводно, демек, „ние се договаравме, ама ДУИ треба да се извини“.
Арно ама, со не вклучувањето на ДУИ во новата влада, Албанците се почуствуваа како пред 2001 година. Значи, наместо да одиме напред, повторно ќе се враќаме назад. А не треба да се заборави дека Албанците тоа го повторуваа (дека не се задоволни) уште од 1991 година.
Таман помисливме дека ги затворивме етничките прашања, Груевски на многу елегантен начин не’ враќа назад. Ако сега Албанците велат дека не се задоволни од тоа што не се почитува нивниот глас, сосема е можно да се повтори 2001 година. А тогаш повторно ќе ни’ бидат криви Албанците, странците, Американците, нашите „предавници“ и др.
BTW, непочитувањето на нивниот глас не е добро за интра-етничката демократија. Значи, нема потреба да се натпреваруваат меѓу себе, кога никој и така не го почитува нивниот глас.
Груевски си даде автогол. Наместо економија, и во наредниот период етничките теми ќе надвладеат.
Значи, нема ништо од најавениот препород (во 100 чекори) во економијата, производството, просперитетот, науката, културата, земјоделството и др.
Уште пред да се формира новата Влада, со трилион постотна сигурност се знае дека нема ништо добро да ни’ се случи.
Повторно македонскиот народ е под хипотека на недокажаните дечурлани, кои уживаат во хаос, анархија и криминал. Видовме што ни’ се случи со Црвенковски и Георгиевски, па сега ќе не’ спасат (!?) Груевски, Милошоски и другите од детскиот „хор“ на ДПМНЕ.
Всушност, не е и за чудење. ДПА цело време со своите предлози за федерализација му е подобар партнер на ДПМНЕ. Зошто? Па и оваа партија предлагаше размена на територии, бугаризација на историјата, поделба „кај Групчин“ и сл. Затоа си одговараат.
Нема ништо од економскиот бум на Груевски.
Изгледа џабе си го отворив блогов, оти во наредниот период нема да превладуваат европски теми во Македонија, туку, повторно, етнички проблеми.
Е, браво, Груевски, што не’ зезна и што ќе ни’ го упропастиш животот уште 4 години.

Далеку од национализмот, далеку од политиката ќе го цитирам човекот чиј колумни редовно ги читам, а најчесто не се согласувам со нив:
„Кој се' не им кажа дека Македонија е унитарна држава и во неа се спроведуваат едни, а не паралелни избори (за Македонците башка, за Албанците башка), дека мандатарот од победничката партија (или коалиција, сеедно) е единствениот што има право да одлучува кој ќе му седи во владата, а кој ќе биде надвор од неа...“
Овојпат, не може а да не се согласувам повеќе.
И не мислам дека албанците ќе се чувствуваат како пред 2001, бидејќи и сами патија од тоа што се случи. Единствените кои ја подгреваат ситуацијата се „големците“ во „интегративната унија“.
И секогаш кога некој не е задоволен ако се крене на војна, ќе биде доста интересно. Не знам колку ЕУ ќе го оправда второво незадоволство на, сега веќе, еден мал дел од албанскиот електорат. Зашто 120000 се гласале, ал како и секој рамноправен граѓанин на РМ би сфатиле дека мандатар е оној кој освоил најмногу гласови. А големата со овие 120000 ја направија десетина „одбрани“ во раководството. (Comment this)
Ќе почекаме до 16 да видиме што ќе се случи. Немам некое позитивно чувство, но...времето ќе покаже :) (Comment this)
Сите македонски влади до сега вклучуваа албански партии во владата. Иако правно тоа никаде не го пишува, политички беа вклучувани. Зошто? Ситуацијата тоа го бара. За тоа јаз зборувам.
Од 2001 година има нова реалност во РМ. Секаде се почитува волјата на Албанците. Таман малку се средија работите минативе 4 години, сега повторно се враќаме назад.
Секако право е на мандатарот да одбере со кого ќе коалицира, но треба да има политички сенс.
Македонија е унитарна држава. Наместо ДУИ, можеше да не земе ниту една албанска партија во владата. Никаде тоа не го пишува тоа, нели? Значи, правно би бил во право.
Ех, уште многу време ќе ни’ треба за да ги разликуваме правните од политичко-прагматичките работи.
Ајде да размислуваме од албанска страна. Зошто меѓу себе партиите би се натреварувале, кога може некој сето тоа да го равна со нула? Значи, ем им се дава право да се натпреваруваат меѓу себе политичките партии, ем после „пу пу, тоа не важи“.
Во досегашните 20 години моите политички анализи се покажаа во право во 99% од случаите. И сега тврдам дека не сме на добар пат и дека повторно етничките проблеми ќе ни’ се вратат назад.
Изгубив волја веќе да пишувам на блогов, оти не гледам веќе европски теми во РМ во наредниов период... (Comment this)
Ако се присетам на 2001 година, и помислам ШТО беше ДУИ тогаш, им посакувам никогаш повеќе да не влезат во власта.
А во врска со радикализирањето на состојбите, вината барај ја во тој што радикализира, а не во неговите изговори. ДУИ само покажува дека не е дорасната за демократски дијалог - таква беше и досега, меѓу оружјето и губењето на власта, нивниот начин на демократско договарање беше ултиматумот и заканите.
И пази, никаде не велам дека ДПМНЕ и ДПА се сјајни и безгрешни, тоа е башка муабет. (Comment this)
Да губевме 15 години само заради КПМ односно СДСМ.
И во ЕУ со ДУИ :) нема шанса да влезиш :)
Не е се така црно, замислиси има луге различни от СДСМ-овците и народнјаците.
поздрав (Comment this)
Сочуство и од авторот ;) (Comment this)